Работна “OFF ROAD vol.3” aкција 05.10.2019 година (ФОТО+ ВИДЕО)

Успешно завршени работните активности предвидени за оваа градежна сезона на м.в.”Гаваз” во с.Кнежино,кои Советот на Месната заедница Кнежино ги презеде со цел подобрување на состојбата со водоснабдувањето за сите корисници од селскиот водоснабдителен систем. За таа цел од крајот на месец август оваа година се до ден денес Советот на МЗ во континуитет организира повеќе работни акции со учество и сесрдна помош на дел од нашите соселани чиј што пример треба да го следат и другите.

Како резултат на таквите напори денес беа обезбедени дополнителни количини на вода во селскиот водовод на начин што претходно се изврши реконструкција и повторно бетонирање на постојната мини каптажа изградена пред околу дваесетина години,а која досега никогаш не била во функција и не била дел од водоводниот систем поради погрешно проектирање и изведба.Потоа се изведе поврзување на мини каптажата со постојниот цевковод кој води од м.в.”Гаваз” до главниот селски резервоар преку висококвалитетно водоводно црево со димензија Ф 63 ,во должина од 50 метри и соодветни спојки.

Со тоа е направен уште еден чекор напред во напорите за подобрување на водоснабдувањето на нашите корисници,односно уште еден исчекор кон трајно решавање на проблемот со водоснабдувањето во Кнежино.За таа цел активностите на Советот на МЗ на оваа локација ќе продолжат и во следната година,а како наредна активност во текот на оваа сезона за која многу скоро ќе бидете информирани е предвидено довршување на санацијата на пукнатина на главниот резервоар за вода од внатрешната страна и негово празнење, чистење,дезинфекција и хлорирање,како и ставање во употреба на целосно реконструираниот помошен резервоар за вода.

10,20 часот м.в. “Гаваз”

13,15 часот м.в”Гаваз” крај на работната акција
13,15 часот м.в”Гаваз” крај на работната акција

Советот на МЗ Кнежино ја користи оваа прилика да од свое име и од име на жителите на селото и викенд населбата Кнежино, изрази посебна благодарност до Градоначалникот на Општина Кичево г-дин Фатмир Дехари,до раководителот на Секторот за комунални дејности,инфраструктура,сообраќај и енергетска ефикасност г-дин Сејдин Абази и до директорот на ЈКП”Комуналец”од Кичево г-дин Зендел Јонузи,за обезбедената донација на водоводното црево во должина од 50 метри ,спојките и останатите делови и материјали без кои овој градежен зафат на крајно непристапен терен немаше да биде завршен во олку кус временски период.

За учеството во денешната работна акција и нивниот придонес и залагање селскиот одбор исто така упатува благодарност до нашите соселани Ѓоко Јованоски,Зоран и Горан Китаноски,Пеце Петрески,Трајче Китановски и Стојче Јоноски.

Продолжува…