ТВ Журнал

Почитувани,

Почнувајќи од денес 08.10.2019 година Вашиот портал www.knezino.mk прераснува во мултимедијална интернет платформа и дополнително ги збогатува своите содржини со цел да ги задоволи вкусовите и на најпребирливата публика.

Од сега покрај најдоброто од македонскиот интернет и радио етер и најслушаната музика ,за нашата публика се достапни и телевизиски вести на македонски јазик продуцирани од еден од водечките меѓународни јавни информативни сервиси Гласот на Америка од Вашингтон,САД.

Имено,од денес натаму секој работен ден со почеток во 20.30 часот,нашата публика ќе биде во можност да го следи 10-минутниот ТВ-журнал “NEWSFLASH” на македонски јазик подготвен од студиото на Гласот на Америка на македонски јазик во Вашингтон,благодарение на воспоставената соработка помеѓу нашиот портал www.knezino.mk и Македонската редакција на Гласот на Америка.

Вашиот портал како интернет медиум ќе ја презема оваа информативна ТВ-емисија на македонски јазик,а која покрај на сопствената медиумска платформа на Гласот на Америка на македонски јазик, се емитува и на повеќе национални,регионални и
локални ТВ-станици.

Гласот на Америка на македонски јазик преку своите медиумски платформи дава преглед на најновите вести и случувања од Македонија,САД и светот,како и на американските гледишта поврзани со Македонија и Југоисточна Европа.


Македонската редакција на Гласот на Америка започна со радио програма во текот на 1999 година.Денес Гласот на Америка претставува најголем американски медиум кој е основан 1942 година и е eден од водечките светски брендови од својата област од типот на BBC,DW,RFI и други кој емитува интернационално на повеќе од 45 светски јазици,вклучувајќи го и македонскиот, и на повеќе платформи како радио,телевизија и интернет.

Тимот на www.knezino.mk за укажаната доверба и воспоставената соработка со македонската редакција на Гласот на Америка како наш медиумски партнер ,изразува посебна благодарност до уредникот на овој информативен сервис Лилица Китановска која што со успех ја води македонската редакција уште од 2015 година со желба за уште повисоки лични и професионални достигнувања во иднина.Воедно посакуваме понатамошни успеси и до целокупната редакција на Гласот на Америка на македонски јазик.

Читајте www.knezino.mk и гледајте ТВ вести на македонски јазик.

Следете не…

Креативниот тим на www.knezino.mk Ви благодари на довербата.