Читајте www.knezino.mk и слушајте SKY Radio 102,5 fm

Најдоброто од македонскиот етер и најслушаната музика на Вашиот портал.
Вашиот web сајт www.knezino.mk од денес Ви овозможува уште едно мултимедијално доживување.Имено,почнувајќи од денес нашите посетители преку нашата страница ќе бидат во можност секојдневно 24/7 да ја следат и слушаат радио програмата на култната скопска и македонска радио станица SKY Radio 102,5 fm.

SKY Radio 102,5 fm е оформено и започна со работа во 1996 година.Радиото уште од почетокот постави високи професионални стандарди и си зададе задача да биде вистински промотор пред се на македонската и Ex-Yu поп музика.
Таа насока наиде на вистински одглас кај слушателите,а по што другите радија кои дотогаш експериментираа со стилот започнаа да го следат неговиот пример. За слушаноста и популарноста на SKY Radio говорат секојдневните контакти со широката слушателска публика во Македонија и надвор од неа.Покрај најквалитетната музика која ќе ги задоволи дури и најпробирливите вкусови ,од сега нашите читатели и посетители ќе можат да следат и радио вести на секој час со најнови и најактуелни информации како и други емисии од типот на најпопуларната утринска програма во македонскиот радиски етер итн…Следејќи го пулсот на публиката покрај редовниот радиски сервис кој и Вие ќе може да го следите преку Вашиот и наш портал,SKY Radio од неодамна започна со емитување и на уште два популарни web радио сервиси и тоа SKY Radio Hits и SKY Radio Retro. (Повеќе на www.skyradio.com.mk)

Следете не , следуваат уште изненадувања.

Тимот на www.knezino.mk Ви благодари на довербата.

На редакцијата на SKY Radio 102,5 fm која направи вистински и препознатлив бренд во македонскиот радиски и медиумски етер исто така и благодариме на довербата и на овозможената соработка и им посакуваме уште поголеми успеси и професионални достигнувања во иднина.

Како да го вклучите радиото, можете да видите на сликата под текстот.