Нова рубрика на нашиот портал

Вашиот портал www.knezino.mk се труди да ја збогати својата содржина и понуда со цел да се доближи до што е можно поширока публика и да ги задоволи Вашите разновидни и пребирливи вкусови.
Имаме задоволство да им соопштиме на нашите читатели и посетители дека почнувајќи од денес преку нашата web страна во посебна рубрика ќе можат секојдневно 24/7 да ги следат и да се информираат за најновите вести и актуелности од земјата,регионот и пошироко ,од областа на политиката, економијата, културата, забавата, спортот итн…
Сето тоа е овозможено благодарение на нашата соработка со еден од најреномираните електронски медиуми во нашата земја познат по својствениот начин на работа и професионалното, проверено,правовремено,неутрално и објективно информирање. Станува збор за платформата и web страницата за вести и медиуми, skopje24.mk ,како еден од ретките медиуми кај нас со огромна доверба во јавноста и публиката,а за што меѓу другото,показател се и огромниот број на посетители и следачи на социјалните мрежи и во што ќе може да се уверат и читателите и посетителите на нашиот сајт.

Бидете секогаш во тек со времето и настаните со Вашиот омилен портал и имајте ги вистинските информации.
Почитувани читатели и посетители,како и ценети членови на нашиот клуб на пријатели кој секојдневно станува се поброен,тимот на www.knezino.mk Ви благодари на укажаната доверба.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.