Со цел поширока промоција на трајните вредности,природните убавини,духовноста , останатите компаративни предности и разновидните туристички потенцијали на нашето село Кнежино и на Кнежинскиот манастир “Свети Георгиј Победоносец”, кои како такви се недоволно познати на пошироката домашна и светска јавност ,од денес како еден од ретките интернет медиуми кај нас ,сме достапни и на англиски јазик.Имено, според идеја на креативниот тим на нашиот медиум,но и на предлог и барање на читателската публика,Вашиот мултимедијален портал www.knezino.mk се одлучи на ваков пионерски чекор и помеѓу другите содржини започнува со објавување и преведување на поважните промотивни текстови и на англиски јазик,а која опција во својата понуда ја немаат и многу пореномирани и поетаблирани медиуми.
Следете не….
Ви благодариме на довербата.