Поради големиот интерес и бројните гости кои се очекуваат за празникот „Обновување на храмот на Св.Георгиј во Лида – Ѓурѓиц“ кој се празнува на ден 16.11.2019 годинна (сабота),Ве известуваме дека во Манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во с.Кнежино покрај претходно двете закажани богослужби,ќе има и Утринска литургија на ден 17.11.2019 година (недела) со почеток во 08.00 часот.
Со службата ќе раководат свештени лица од Кичевската парохија.
Ве повикуваме во што поголем број да го посетите овој наш Свет храм и да присуствувате на закажаните служби.