Време е за РАДИО

Нова содржина на Вашиот портал knezino.mk

Почнувајќи од овој викенд вистинските љубители на добрите и стари незаборавни музички хитови ,а особено на радиото како медиум ,преку нашиот сајт ќе бидат во можност да го следат радио-проектот МАНСАРДА,кој за релативно краток временски период прерасна во култна радио емисија и тоа во регионални балкански рамки.

Присетете се на поп културата од 50-те,60-те , 70-те години и 80-те години на дваесеттиот век. Ги спојуваме годините,јазиците,различните ритмови,филмови и емисии,траперки од Трст и играчки од Дизниленд…

Автори : Јована Николиќ & Павле Живковиќ.

Подгответе се ,носталгичното патување започнува со емисијата МАНСАРДА#44~МАНСАРДА ОД СКОПЈЕ ! посветена на почетоците на македонската забавна музика.

Емисијата е снимена на ден 22.12.2019 година во Скопје,а водител на истата е нашата позната новинарка Христина Ѓорѓиевска од Скопје.

Во оваа епизода Христина не враќа на почетоците на македонската поп музика и можеби на најважниот наш композитор од тој период Драган Ѓаконовски – Шпато. Исто така се дружиме со песните што ги пееле Нина Спирова,Диме Поповски,Љупка Апостолова…

Список на песни:
Се презема од следниов линк:
https://m.mixcloud.com/Dani_radija/mansarda-44-mansarda-iz-skoplja/

Овозможено/Courtesy од:
FB група Dani radija i crno-belih televizora.
https://m.mixcloud.com/Dani_radija/