ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД КИЧЕВСКАТА ПАРОХИЈА

Кичевското архиерејско намесништво при храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево ги ИЗВЕСТУВА верните граѓани и населението на градот Кичево и околината дека оваа година нема да се оди по домовите на верните од страна на свештениците за осветување на вода и благослов на домовите поради пандемијата со корона вирусот и пазејќи ги мерките дадени од здравствениот систем и препораките од Епархијата.

МЕЃУТОА, за да не се остават верните чеда без благослов и за да не се изгуби суштината на овој водосвет за време на Великиот Пост, свештениците ЌЕ ОСВЕТУВААТ ВОДА ВО ХРАМОТ и секој кој сака да земе осветена вода, да си понесе сад (шише) за вода, а притоа да си донесат СПИСОК НА ИМИЊА со живите членови од семејството за да се споменат за здравје и спасение кога ќе се отслужи следниот водосвет. Овој чин на Мал водосвет ќе биде почесто извршуван низ целата Света Четириесетница (посните денови) за да може секој верник да си земе и понесе света вода за осветување на домовите и на своите души и тела.

ОД ПОНЕДЕЛНИК, 05.04.2021 ГОДИНА ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ОВОЈ ЧИН НА МАЛ ВОДОСВЕТ.

Нека Божјиот благослов биде со сите нас, па во овие времиња на пандемија да останеме разумни и верни на Црквата, па со Божја помош и милост го дочекаме Големиот ден – Велигден и велигденските празници.


© Кнежино.мк – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.