Состојбата со водоснабдувањето на корисниците од селскиот водовод од с.Кнежино е повеќе од алармантна,а издашноста на изворите на каптажата “Гаваз” поради сушата и неповолните временски прилики е минимална. Советот на МЗ с.Кнежино апелира до водокорисниците за разбирање,меѓусебна солидарност и крајно рационално и одговорно користење на ограничените водни ресурси во овој критичен период.
