[ ПРОМО ] Мулти-пренос од Велигденските литургии од Охрид,Москва и Софија [#СедетеДома]

Ексклузивно на knezino.mk

Мулти-пренос од Велигденските литургии од Охрид,Москва и Софија.

Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден Вашиот портал knezino.mk во ова специфично време на вонредна состојба,во сабота 18.04.2020 година во временскиот термин од 22.30 до 00.30 часот наредниот ден, Ви овозможува единствено спиритуално искуство и доживување.

Имено,нашите посетители и читатели ќе можат на едно место,т.е. на нашиот портал ,во овој термин паралелно и симултано да следат 3 директни преноси од Велигденските вечерни литургии и торжествени богослужби кои ќе се случуваат на Плаошник во Охрид,во Москва и во Софија.

Централно место ќе има директниот пренос од Плаошник во Охрид од црквата “Св.Климент и Пантелејмон” кој ќе започне во 23.30 часот . Главното чествување во нашата Дебарско-Кичевска епархија ќе го предводи,односно со истото ќе чиноначалствува,Митрополитот Тимотеј во сослужение со повеќе други свештени лица.

Еден час претходно во 22.30 часот поради временската разлика ќе започнат директните преноси од Велигденските литургии во Москва и Софија каде се очекува да чиноначалствуваат Патријархот Московски и на цела Русија Кирил,односно Бугарскиот патријарх.

Празникот над празниците -Воскресението Христово – светлината на надежта и вечниот живот! Да го доживееме заедно!


© Кнежино.мк – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЛЕДЕТЕ НЕ

1,185LikesLike
72SubscribersSubscribe