Нова рубрика: Културен информатор

Со цел поддршка и промоција на трајните културни и останатите сродни вредности,почнувајќи од денес Вашиот портал www.knezino.mk во својата понуда воведува нова постојана рубрика Културен информатор.

Рубриката е резултат на започната соработка со Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“ од Кичево како столб и главен носител на културната дејност во Кичево и поширокиот регион.

Истата ќе служи за дополнителна промоција и најава на активностите на сите секции и ансамбли при НУЦК„Кочо Рацин“ Кичево,како и на сите настани, промоции, концерти, проекции и слично кои се организираат во Центарот за култура, при што нашите читатели и посетители секојдневно на едно место ќе имаат целосен увид во најновиот репертоар.

Со ваквиот потег се надеваме дека ќе дадеме свој придонес за анимирање на „подзаспаната“ културна јавност, за популаризација на културата воопшто,а особено за зголемен интерес и посетеност на бројните квалитетни и ексклузивни проекти кои во последно време се организираат и приредуваат во нашиот Центар за култура.

Ви благодариме на довербата.

Следете не…


© Кнежино.мк – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЛЕДЕТЕ НЕ

1,184LikesLike
70SubscribersSubscribe