Почитувани,
Од сега па понатаму Вашиот медиум www.knezino.mk воспоставува соработка со најбараниот и најперспективниот македонски Метео прогнозер,Славчо Попоски од Струга.
Преку постојаната рубрика насловена како МЕТЕО со Славчо Попоски – Малку поинаква прогноза, почнувајќи од денес ќе можете секојдневно да се информирате и да добиете најбрзи,најреални и најпрецизни информации во компилирана форма за временската состојба во Македонија,Балканот и пошироко во светот.
Исто така ја користиме оваа прилика да Ве информираме дека Славчо Попоски како соработник на неколку реномирани македонски медиуми,меѓу кои од денес се вбројува и нашиот портал,е во завршни подготовки за пуштањето во етер на новиот специјализиран метеоролошки медиум во Македонија. Му посакуваме многу успех и среќа и со новиот проект,а за чијшто почеток ќе имаме чест и привилегија наскоро да Ве известиме.
Ви благодариме на довербата.
Следете не…