Денови на колективно садење дрва во Македонија 26/27.10.2019 година
Повик до компании
Доколку сте компанија која сака да учествува во намалување на загадувањето во градовите и зазеленување на истите, еден начин е да донирате садници на некое основно училиште по Ваш избор.

Бројот на дрвја, како и расадникот од каде ќе купите е Ваш личен избор. Доколку не знаете на кое ОУ да се обратите, напишете ни порака на zasadidrvomk@gmail.com , имаме листа на ОУ кои имаат потреба од донации на садници.
Ви благодариме