Повторно пукнатина на свлечиштето кај “Крушино”.
Последните обилни врнежи од снег придонесоа за кратко време повторно да се појави пукнатина на свлечиштето кај месноста “Крушино”,а која што пред краток временски период еднаш веќе беше санирана. Од страна на Месната заедница од с.Кнежино во текот на денешниот ден известени се надлежните за изградба на автопатот А2 Кичево-Охрид и се очекува итна реакција од страна на градежна механизација на изведувачот на работите на оваа делница,ГД”Гранит”АД Скопје.
Апелираме на возачите за крајно внимателно возење по локалниот пат Кичево-с.Кнежино,се до санирање на состојбата,како и се до конечното патно решение за ова свлечиште.