7.3 C
Kičevo
Monday, Октомври 26, 2020

[ПРЕМИЕРА] „Парите се отепувачка“ – МНТ [#седетедома]

Во режија на Бојан Трифуновски базирана врз основа на битовата драма „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле и романот „Деветтата конфигурација“ на Вилијам Питер Блати. Претставата се занимава со еден интересен феномен во современата психијатрија, каде што лекарите – психијатри решаваат да пристапат кон третманот на тешки шизофреничари со помош на методот на заигрување или плеј терапија. Плеј терапијата е создадена во 1992 год. во Кина, кога познат актер претрпел сериозен нервен слом и останал во реалноста на неговата последна претстава. Сосема случајно го играл Хамлет. Тогаш психијатрите со помош на методот на заигрување неговото бизарно делузионално нарушување го лечеле така што сите ги играле ликовите од Хамлет. Нашата претстава зборува токму за таков случај во Македонија. Претставата е метафора на обидот за комуникација низ вековите, кои коегзистираат на нашето поднебје. Во Македонија, за сто години поминаа три века, така што битовата драма и студенилото од западноевропски тип психијатри со симбиоза создаваат атмосфера на пластична дијалошка драма со модерен мини-филмски израз. Тенденциозните зачудувања во бавната тишина на психолошкиот карактер ѝ овозможува на публиката одблизу и лично да ја студира и апсорбира дијагнозата на пациентот и лекарот во претставата.

„Парите се отепувачка“ е претстава, која не дава одговори, но затоа се бори да постави прецизни прашања. Зошто Европа инсистира ние да ги совладаме сопствените демони кога таа има повеќе демони по глава на жител? Дали мимикријата е природна човекова состојба и дали човекот, кој ја имитира и канализира свеста на својот идол подобро може да се снајде од оригиналниот граѓанин на Балканот? Парите се…тоа е борба помеѓу толкувањата и интерпретациите, помеѓу маргините на нормалното и шизофреното, помеѓу лажното и помалку лажното…

АКТЕРСКА ЕКИПА

Гораст Цветковски – Митре/Владимир
Николина Кујача
 – Барбара/ Мара
Славиша Кајевски – Јован/Анѓеле
Софиа Насевска Трифуновска – Хана/ Ката


© Кнежино.мк – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЛЕДЕТЕ НЕ

1,056LikesLike
112FollowersFollow
47SubscribersSubscribe

Последни објави

СООПШТЕНИЕ 25.10.2020

Се известуваат мештаните од село Кнежино во наредниов временски период додека траат градежните активности за изградба на патиштата во селото, ДА НЕ...

[#5] Кнежино во изградба [ФОТО]

Го следиме прогресот во реализацијата на проектот за уредување на улиците и патиштата во с.Кнежино.Започна втората фаза од проектот, тампонирање.

Изградба на шахта на спојот (влезот) на цревото од стариот реконструиран резервоар во постоечкиот водоводен систем

Изградба на шахта на спојот (влезот) на цревото од стариот реконструиран резервоар во постоечкиот водоводен систем.

[#4] Кнежино во изградба [ФОТО]

Го следиме прогресот во реализацијата на проектот за уредување на улиците и патиштата во с.Кнежино.

Драги пријатели, упатуваме апел за помош за нашиот кичевчанец Тони, кој вчера ненадејно му почина сопругата – да помогнеме!

И кога ни малку човек ќе се надева дека ќе се случи најлошото, тоа не бира. Вчера кичевската област беше потресена од...