7.3 C
Kičevo
Monday, Октомври 26, 2020

[#седетедома] „Изгубени Германци“ [НАЈАВА]

Претстава ИЗГУБЕНИ ГЕРМАНЦИ
ДЕНЕС, со почеток во 20.00 часот

БИДЕТЕ НА WWW.KNEZINO.MK

Текст: Дејан Дуковски
Режија: Слободан Унковски

ВИСТИНСКАТА ПРИКАЗНА:

Овој текст е базиран на вистинска приказна. По Втората светска војна, во Југославија, од високи инстанции од Белград, во Македонија доаѓа строго доверлива команда до инстанциите: да се испратат луѓе и голема механизација во напуштен стар рудник, на тромеѓата помеѓу Југославија, Грција и Бугарија. Наредбава е малку чудна бидејќи целото локално население знае дека рудникот го напуштиле некои Французи, уште во 18 век. Копај, копај – ништо. Прашањето е зошто ваква чудна наредба? Одговорот е во архивите на берлинскиот Рајхстаг. Разузнавачките служби на сојузниците, по паѓањето на Третиот Рајх, успеваат да најдат крајно педантно архивирана документација која докажува дека рудникот работел за време на војната. И дека остварувал големи приходи. Кој да се сомнева во германската прецизност!

ШТО СЕ СЛУЧИЛО?

Некој од важните и влијателни индустријалци и офицери блиски до Хитлер, за да ги тргнат своите деца од виорот на војната, измислуваат рудник во којшто нивните синови не копаат ништо, а тие го плаќаат, во Берлин, тоа што не е ископано.

АКТЕРСКА ЕКИПА:

Тони Михајловски – Ото
Камка Тоциновски – Марија Лили Марлен Дитрих
Јордан Симонов – Адолф
Јовица Михајловски – Бењамин
Никола Ристановски – Кристијан
Звездана Ангеловска – Винченцо
Оливер Митковски – Рик
Емил Рубен – Тито
Сања Арсовска – Војничко радио Белград


© Кнежино.мк – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЛЕДЕТЕ НЕ

1,056LikesLike
112FollowersFollow
47SubscribersSubscribe

Последни објави

СООПШТЕНИЕ 25.10.2020

Се известуваат мештаните од село Кнежино во наредниов временски период додека траат градежните активности за изградба на патиштата во селото, ДА НЕ...

[#5] Кнежино во изградба [ФОТО]

Го следиме прогресот во реализацијата на проектот за уредување на улиците и патиштата во с.Кнежино.Започна втората фаза од проектот, тампонирање.

Изградба на шахта на спојот (влезот) на цревото од стариот реконструиран резервоар во постоечкиот водоводен систем

Изградба на шахта на спојот (влезот) на цревото од стариот реконструиран резервоар во постоечкиот водоводен систем.

[#4] Кнежино во изградба [ФОТО]

Го следиме прогресот во реализацијата на проектот за уредување на улиците и патиштата во с.Кнежино.

Драги пријатели, упатуваме апел за помош за нашиот кичевчанец Тони, кој вчера ненадејно му почина сопругата – да помогнеме!

И кога ни малку човек ќе се надева дека ќе се случи најлошото, тоа не бира. Вчера кичевската област беше потресена од...