СООПШТЕНИЕ: Забрана за движење во реонот на стрелиштето на АРМ кај с.Осој-Недела 02.10.2022 година во периодот од 07.00-17.00 часот

Недела на 02.10.2022 година припадниците на МВР во рамките на нивните активности ќе одржат боево гаѓање со пешадиско вооружување на гарнизонското стрелиште на АРМ кај с.Осој-Кичево.

Со цел безбедно изведување на боевото гаѓање се известува месното население од населените места Осој,Кнежино и Раштани,како и граѓаните на град Кичево,во временскиот период од 07.00-17.00 часот да не се упатуваат на стрелиштето или неговата околина,со цел напасување на стока и извесување било какви други работи.

Извор: МВР-СВР-Охрид-ОВР Кичево-ПС од ОН Кичево


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.