СООПШТЕНИЕ
05.08.2020

Советот на Месната заедница с.Кнежино ги повикува мештаните и жителите на викенд населбата кои сеуште го немаат подмирено годишниот паушал,да истото го сторат во најкус можен рок и тоа најдоцна до крајот на месец август оваа година.
За таа цел во наредните денови ќе бидат посетени од овластени инкасанти од селскиот одбор.
Горното е потребно бидејќи предстојат уште инвестиции во водоводната мрежа со цел трајно подобрување на состојбата со водоснабдувањето.
Лицата кои нема да се придржуваат до одлуките на Советот на Месната заедница и нема да го подмират паушалот,ќе бидат јавно и транспарентно објавени.
Советот на МЗ с.Кнежино им изразува длабока почит и благодарност на совесните плаќачи кои се во значителен број,како и на бројните пријатели,спонзори и помагатели без чија помош и учество немаше да биде во можност да ги спроведе досегашните активности и инвестиции.