Почитувани Кнежинчани,
Советот на Месната заедница Кнежино е отворен за било какви предлози и сугестии кои би придонесле
за подобрување на условите и за функционирањето на нашата локална заедница ,како и за решавање на постоечките проблеми.Заради тоа Ве охрабруваме лично и во било кое време Вашите размислувања,коментари,сугестии,конкретни предлози и барања,како и информации за проблеми од било која природа, да ги споделите до членовите на селскиот одбор било лично ,било преку контакт телефоните на нашата web страна и e-mail адресата info@knezino.mk ,или пак на било кој друг начин,се со цел остварување полесна ,отворена и побрза меѓусебна комуникација.
Ви благодариме на соработката која е во интерес и за доброто на сите.
17.06.2019 година
Совет на МЗ с.Кнежино