
Почитувани,
Советот на Месната заедница с.Кнежино повторно апелира до корисниците на водата од селскиот водовод за нејзино штедливо,рационално,совесно и одговорно користење во критичниот летен период и се до крајот на месец септември 2021 година, како и за почитување на начелото на солидарност при водоснабдувањето.
Во овој критичен временски период водата да се користи пред се за пиење и за задоволување на личните и семејните потреби на домаќинствата (корисниците) и ваквите корисници ќе имаат предност во водоснабдувањето.Исто така корисниците да се воздржат од употреба на водата од селскиот водовод за други намени.
Употребата на водата од селскиот водовод за полевање на дворови и зелени површини ,како и за наводнување на бавчи,градини и други насади, да се врши крајно рационално и тоа само во деновите од понеделник до петок.
СТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА се до 30.09.2021 година :
1.Во овој период поради ограничените ресурси најстрого се забранува ненаменско користење и употреба на водата за перење на теписи,за миење на автомобили и слично. Секое такво и слично нерационално користење на водата ќе се смета за расипничко,сторителите ќе бидат јавно објавувани со име и презиме,а потоа ќе бидат преземени и други рестриктивни и непопуларни мерки и санкции.
2.Најстрого се забранува во овој критичен временски период и за било какви потреби , оставање на постојано отворени и пуштени чешми, црева за наводнување и слично.
Во случај на неповолна хидролошка состојба и намален доток на вода во овој период можни се и рестрикции на вода при што секој корисник да си обезбеди соодветни резерви на вода во таков случај.
Секој забележан дефект на водоводниот систем да биде навремено пријавен до селскиот одбор или до одговорните лица заради негово благовремено санирање и спречување на загуби на вода.
Секое непочитување и непридржување кон овие мерки во иднина ќе предизвика соодветни консеквенци.
Ви благодариме на разбирањето.
23.06.2021 година Совет на Мeсна заедница с.Кнежино