СООПШТЕНИЕ 27.07.2019

Се известуваат корисниците на водата од селскиот водовод од с.Кнежино дека поради неповолната хидролошка состојба и непочитувањето на апелите на Советот на МЗ с.Кнежино за рационално,совесно и наменско користење на водата во критичниот временски период од 01.07.2019 година до 15.09.2019 година и тоа првенствено за пиење и задоволување на личните и семејните потреби на домаќинствата , како и забележаното постапување спротивно на апелите и укажувањата од страна на повеќе поедини корисници,почнувајќи од денес 27.07.2019 година СЕ ВОВЕДУВААТ РЕСТРИКЦИИ во водоснабдувањето секој ден почнувајќи од 20.00 часот навечер до 08.00 наутро. Корисниците навреме да си обезбедат соодветни резерви на вода за време на периодот на рестрикција. Ваквата мерка ќе се применува се додека има потреба и додека не дојде до подобрување на хидролошката ситуација.

Ви благодариме на разбирањето.

26.07.2019 година

Совет на МЗ с.Кнежино


© Кнежино.мк – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЛЕДЕТЕ НЕ

1,194LikesLike
78SubscribersSubscribe