Почитувани,
Советот на Месната заедница с.Кнежино апелира до корисниците на водата од селскиот водовод за нејзино рационално,совесно и одговорно користење во критичниот летен период од 01.07.2019 година до 15.09.2019 година. Во овој период водата да се користи пред се за пиење и за задоволување на личните и семејните потреби на домаќинствата,а корисниците да се воздржат од употреба на водата од селскиот водовод за полевање на дворови,бавчи,градини итн… Во овој период поради ограничените ресурси најстрого се забранува ненаменско користење и употреба на водата за перење на теписи,за миење на автомобили и слично. Во случај на неповолна хидролошка состојба во овој период можни се и рестрикции на вода при што предност во водоснабдувањето ќе имаат индивидуалните селски домаќинства , жителите на викенд населбата,како и Манастирот “Свети Ѓорѓија” ,а дури потоа комерцијалниот корисник. Секој забележан дефект на водоводниот систем да биде навремено пријавен до селскиот одбор или до одговорните лица заради негово благовремено санирање и спречување на загуби на вода. Ви благодариме на разбирањето. 29.06.2019 година
Совет на М.Заедница С.Кнежино