12.3 C
Kičevo
Thursday, Октомври 22, 2020

СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

Советот на Месната заедница с.Кнежино повторно апелира до корисниците на водата од селскиот водовод за нејзино рационално,совесно и одговорно користење во критичниот летен период и се до крајот на месец септември 2020 година, како и за почитување на начелото на солидарност при водоснабдувањето.

Во овој критичен временски период водата да се користи пред се за пиење и за задоволување на личните и семејните потреби на домаќинствата (корисниците) и ваквите корисници ќе имаат предност во водоснабдувањето.Исто така корисниците да се воздржат од употреба на водата од селскиот водовод за други намени.

Употребата на водата од селскиот водовод за полевање на дворови и зелени површини ,како и за наводнување на бавчи,градини и други насади, да се врши само во краен случај и крајно рационално и тоа само во деновите од понеделник до петок.

СТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА се до 30.09.2020 година :

1. Во овој период поради ограничените ресурси најстрого се забранува ненаменско користење и употреба на водата за перење на теписи,за миење на автомобили и слично. Секое такво нерационално користење на водата ќе се смета за расипничко,сторителите ќе бидат јавно објавувани со име и презиме,а потоа ќе бидат преземени и други рестриктивни и непопуларни мерки и санкции.

2. За време на викендите најстрого се забранува користење на водата од селскиот водовод за полевање на дворови и зелени површини ,како и за наводнување на бавчи,градини и други насади.

3. Најстрого се забранува во овој критичен временски период и за било какви потреби , оставање на постојано отворени и пуштени чешми, црева за наводнување и слично.


Во случај на неповолна хидролошка состојба и намален доток на вода во овој период можни се и рестрикции на вода при што секој корисник да си обезбеди соодветни резерви на вода во таков случај.

Секој забележан дефект на водоводниот систем да биде навремено пријавен до селскиот одбор или до одговорните лица заради негово благовремено санирање и спречување на загуби на вода.

Секое непочитување и непридржување кон овие мерки во иднина ќе предизвика соодветни консеквенци.

Ви благодариме на разбирањето.

ДОСТАВЕНО: До сите корисници на водата од селскиот водовод.

27.07.2020 година
Совет на Мeсна заедница с.Кнежино


© Кнежино.мк – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЛЕДЕТЕ НЕ

1,056LikesLike
112FollowersFollow
47SubscribersSubscribe

Последни објави

Изградба на шахта на спојот (влезот) на цревото од стариот реконструиран резервоар во постоечкиот водоводен систем

Изградба на шахта на спојот (влезот) на цревото од стариот реконструиран резервоар во постоечкиот водоводен систем.

[#4] Кнежино во изградба [ФОТО]

Го следиме прогресот во реализацијата на проектот за уредување на улиците и патиштата во с.Кнежино.

Драги пријатели, упатуваме апел за помош за нашиот кичевчанец Тони, кој вчера ненадејно му почина сопругата – да помогнеме!

И кога ни малку човек ќе се надева дека ќе се случи најлошото, тоа не бира. Вчера кичевската област беше потресена од...

[#3] Кнежино во изградба [ФОТО]

Го следиме прогресот во реализацијата на проектот за уредување на улиците и патиштата во с.Кнежино.

Акција на ЕВН во с.Кнежино

По барање на Советот на Месната заедница с.Кнежино деновиве екипа на „ЕВН МАКЕДОНИЈА“ АД Скопје,КЕЦ Кичево,на повеќе...