Се известуваат корисниците на водата од селскиот водовод при користењето на водата СТРИКТНО да се придржуваат кон Соопштението на Советот на Месната заедница од 23.06.2021 година.
Поради високите температури и сушниот период издашноста на изворите е намалена за 50%,поради што во овој критичен период истата да се користи исклучиво за пиење и задоволување на личните и хигиенски потреби.
Секое непочитување на режимот на штедење и несовесно користење,како и намерното оставање на пуштени црева,како што вчера беше откриен таков случај,ќе предизвика соодветни консеквенци со можна примена на чл.33 од Законот за водоснабдување.