Почитувани верни чеда на МПЦ-ОА, Дебарско-кичевска епархија Охрид, во прилог Ви го пренесуваме Соопштението по повод Велигденските празници. Ве замолуваме, поради Вашето здравје и здравјето на Вашите блиски, како и за доброто на сите нас, грижа што произлегува од заповедта да се чува телото како храм не Светиот Дух, да се придржувате до мерките од Комисијата за заразни болести, а потврдени од Владата на Македонија. Истоврмено, се молиме Господ Исус Христос, нашиот Спасител, што побрзо да нѐ избави од ова зло. а ние достојно да ја славиме силата на Неговото Воскресение. Ви ги честитаме претстојните Велигденски празници и Ве поздравуваме со древниот поздарав:
Христос воскресе!

извор: Дебарско-кичевска епархија