† СООПШТЕНИЕ ДО СВЕШТЕНСТВОТО И ВЕРНИТЕ ЧЕДА – Дебарско-кичевска епархија

Чесни отци и браќа и сестри во Христа. Речиси цела измината година, нашата држава и целиот свет се бори со опасен вирус, кој зафати многумина од нашите браќа и сестри во Христа, а, за жал, многумина и ја изгубија битката. Последниов, пак, период се наоѓаме во уште покризна ситуација со зголемениот број случаи на заболени од овој вирус, што претставува уште поголема закана за сите нас, закана што сака да ги нападне нашето тело, храмот на Светиот Дух, но и нашите души. Затоа уште еднаш апелираме до сите наши верници на МПЦ-ОА, односно Дебарско-кичевската епархија, строго да ги почитуваат донесените мерки од надлежните институции, а со цел што побрзо да го победиме ова искушение, но и да им помогнеме на сите оние кои секојдневно ги ризикуваат нивните животи за да ги спасат нашите. Во продолжение ви го пренесуваме писмото и апелот од нашиот ценет архиереј Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, упатено до свештенството и верниците, а ние како Црква, Тело Христово, чија Глава е Христос, имаме должност да ги почитуваме и во целост да ги исполнуваме наредбите и благословите од Епископот, зашто тој е оној кој нѐ води на патот до вечноста и тој е оној кој е воглавител на Црквата овде на земјата.

Извор: Дебарско-Кичевска Епархија


© Кнежино.мк – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЛЕДЕТЕ НЕ

1,184LikesLike
69SubscribersSubscribe