Известување

Известување

Министерството за внатрешни работи известува дека на ден 06.10.2019 година (Недела) и 08.10.2019 година (Вторник),на стрелиштето во с.Осој во рамките на нивните активности ќе се одржи боево гаѓање со пешадиско вооружување. Со цел безбедно изведување на боевото гаѓање се известува месното население од с.Кнежино,с.Осој ,с.Раштани и од непосредната околина,како и другите граѓани,да на наведените датуми во временскиот период од 05.00-17.00 часот , не се упатуваат на стрелиштето или во неговата околина заради напасување на стока или други активности.

27.09.2019 година
Министерство за внатрешни работи
Сектор за внатрешни работи-Охрид
Полициска станица од општа надлежност-Кичево


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.