Прославата за верскиот празник ,,Водици” во с.Кнежино и годинава во мирување – СООПШТЕНИЕ

Прославата за верскиот празник ,,Водици” во с.Кнежино и годинава во мирување.

На состанокот одржан на ден 25.12.2021 година во просториите на домот Опурчиноски(Матески) со присуство на Советот на МЗ с.Кнежино,старите и младите кумови за ,,Водици” од сите пет крстови во селото и на дел од селаните, едногласно се одлучи:

1. Според волјата на старите и младите кумови за ,,Водици”, расположението на селаните и водејќи сметка за јавното здравје во време на пандемијата со вирусот Covid 19, одбележувањето и прославата на верскиот празник ,,Водици”‘ во с.Кнежино и годинава ќе мирува,а постојните кумства се задржуваат;

2. За прв ден на верскиот празник ,,Божиќ” со почеток во 08.00 часот во селската црква ,,Св Димитрија” во с.Кнежино во организација на старите кумови ќе има симболично традиционално turnitin crack одбележување на празникот,со почитување на превентивните мерки и без одење по домовите и

3. Исто така за машки ,,Водици” со почеток во 08.00 часот во селската црква ,,Св.Димитрија” во с.Кнежино во организација на старите кумови ќе има симболично одбележување на празникот со почитување на превентивните мерки.

Со почит, Совет на МЗ с.Кнежино,
25.12.2021 година


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.