[#седетедома] „Изгубени Германци“ [НАЈАВА]

Претстава ИЗГУБЕНИ ГЕРМАНЦИ
ДЕНЕС, со почеток во 20.00 часот

БИДЕТЕ НА WWW.KNEZINO.MK

Текст: Дејан Дуковски
Режија: Слободан Унковски

ВИСТИНСКАТА ПРИКАЗНА:

Овој текст е базиран на вистинска приказна. По Втората светска војна, во Југославија, од високи инстанции од Белград, во Македонија доаѓа строго доверлива команда до инстанциите: да се испратат луѓе и голема механизација во напуштен стар рудник, на тромеѓата помеѓу Југославија, Грција и Бугарија. Наредбава е малку чудна бидејќи целото локално население знае дека рудникот го напуштиле некои Французи, уште во 18 век. Копај, копај – ништо. Прашањето е зошто ваква чудна наредба? Одговорот е во архивите на берлинскиот Рајхстаг. Разузнавачките служби на сојузниците, по паѓањето на Третиот Рајх, успеваат да најдат крајно педантно архивирана документација која докажува дека рудникот работел за време на војната. И дека остварувал големи приходи. Кој да се сомнева во германската прецизност!

ШТО СЕ СЛУЧИЛО?

Некој од важните и влијателни индустријалци и офицери блиски до Хитлер, за да ги тргнат своите деца од виорот на војната, измислуваат рудник во којшто нивните синови не копаат ништо, а тие го плаќаат, во Берлин, тоа што не е ископано.

АКТЕРСКА ЕКИПА:

Тони Михајловски – Ото
Камка Тоциновски – Марија Лили Марлен Дитрих
Јордан Симонов – Адолф
Јовица Михајловски – Бењамин
Никола Ристановски – Кристијан
Звездана Ангеловска – Винченцо
Оливер Митковски – Рик
Емил Рубен – Тито
Сања Арсовска – Војничко радио Белград


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.