Известување за прв ден ВЕЛИГДЕН во Кнежинскиот манастир

Во недела 01.05.2021 година,во временскиот период 10.00-10.30 часот во Кнежинскиот манастир “Св.Георгиј Победоносец”,по пауза од една година поради ситуацијата со вирусот Covid-19 ,ќе продолжи долгогодишната традиција на жителите и мештаните од с.Кнежино за пеење на свети лепчиња на прв ден Велигден ,на отворено во кругот на Кнежинскиот манастир.

За таа цел ќе бидат присутни двајца свештеници од Кичевското архиерејско намесништво кои ќе го извршат чинот на светење на лепчињата.

Апелираме до жителите и мештаните од с.Кнежино кои ќе присуствуваат на овој чин строго да се придржуваат до заштитните мерки за спречување на ширење на вирусот,задолжително да носат заштитни маски,да се однесуваат одговорно и да држат растојание.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.