Соопштение од Кичевската парохија по повод празникот „Св.Никола“

Кичевското архиерејско намесништво при градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ од Кичево ги известува своите верни чеда: Почнувајќи ОД ДЕН 15.12.2020 ГОДИНА (ВТОРНИК и понатаму: среда, четврток, петок и сабота) ќе се ПОЧНЕ СО БЛАГОСЛОВУВАЊЕ (ОСВЕТУВАЊЕ) НА СЛАВСКИОТ КОЛАЧ И ИМЕНДЕНСКОТО ЛЕПЧЕ во чест на СВЕТИ НИКОЛАЈ МИРЛИКИСКИ и сѐ ДО 19.12.2020 ГОДИНА (САБОТА), кога е и самиот празник. Ова е така затоа што славата во чест на свети Николај е многу распространета низ цела Македонија и пошироко, како и во нашиот град Кичево, па за да се одбегне гужва и собирање во време на оваа пандемија со корона вирусот (Ковид-19) и се допушта сето она што се извршувало на 18 и 19 декември да се почне порано, па достојно и со вера, но и со разум да го празнуваме овој голем светител и застапник пред Бога, а притоа и да се заштитиме и себе и ближните покажувајќи ја големата христијанска љубов и да ги запазиме здравствените мерки кои се за наша полза и за наше телесно здравје.Се замолуваат верниците да носат заштитна маска и да доаѓаат без гнев и лутина, затоа што на секој ќе му се обрне доволното внимание. Во храмот ќе има секојдневно дежурен свештеник од 07 часот до 16 часот од определениот датум.Нека ни е лесен, благословен и богоугоден Божикниот пост, за многу години празникот на свети Николај, а на оние кои го празнуваат неговиот спомен и ги носат имињата нека им е честито. Амин!


© Кнежино.мк – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЛЕДЕТЕ НЕ

1,184LikesLike
69SubscribersSubscribe