СООПШТЕНИЕ: Забрането фрлање и одлагање на градежен шут

Со цел да ја зачуваме природата и животната средина,а бидејќи во изминатиов период се детектирани такви случаи, Советот на МЗ с.Кнежино ги известува жителите од селото и викенд населбата, да не го одлагаат и фрлаат градежниот шут во близина на локалниот пат ниту пак во атарот на село Кнежино.

Градежниот шут прописно да се транспортира, депонира и одлага на предвидените локации за таква намена на територијата на општина Кичево.

За прекршителите ќе следуваат соодветни санкции.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.