Политика на приватност

Вовед

Вашата приватност целосно се почитува за време на посетата на нашата веб-страница. Ние не собираме лични податоци за вас, освен доколку не се одлучите да ни пратите порака по електронска пошта, при што доброволно ги давате вашите лични податоци (име, презиме, контакт информации). Природата на Интернетот е таква да пасивно и автоматски собира податоци за навиките на корисниците на интернет, кои се идентификуваат преку нивните IP (интернет протокол) адреси. Овие IP адреси се различни за секој корисник на интернет и се доделуваат од страна на интернет провајдерите. IP адресата сама по себе не е доволна за да се идентификува некое лице, но во соработка со интернет провајдерите може да се открие за кое лице точно станува збор. Поради тоа IP адресата се смета за личен податок и се штити со закон.

Личните податоци на посетителите на нашата веб-страница, се достапни само на тимот на www.knezino.mk .
Тимот на www.knezino.mk не може во целост да ја гарантира приватноста на електронската комуникација, и поради тоа Ве молиме да не испраќате лични податоци кои се од осетлива природа преку електронска пошта.

Нашиoт сервер автоматски ги евидентира информациите за посетите на нашата интернет страна. Овие евиденции се статистички показатели кои ги користиме заради подобрување на веб-страницата, преку кои ги следиме навиките и преференците на посетителите на нашата веб-страница, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нуди. Вашата IP адреса, типот на интернет пребарувач, типот на оперативниот систем, траењето на посетата на страницата како и содржините кои ги гледате се евидентираат како статистички податоци во агрегатна форма. Ние не ги користиме овие податоци во комбинација со било кои други податоци заради идентификување на одредени лица.

“Cookies” се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на веб-страницата. На страната на www.knezino.mk може да има само таков тип на “Cookies” што исчезнуваат по исклучувањето на интернет пребарувачот, за разлика од оние кои остануваат снимени на вашиот компјутер со години, па и децении. Со помош на ваквите датотеки,нашиот admin тим го следи движењето на посетителите на веб-страницата, и на тој начин собира податоци како да ја оптимизира и унапреди функционалноста на страната. Овие датотеки не се поврзуваат со ваши лични податоци кои сте ни ги доставиле.


Посебен дел

1. Кој е контролор на збирките на лични податоци

Единствено нашите web администратори  имаат пристап и се контролори на збирките на лични податоци кои се обработуваат преку веб страната www.knezino.mk. Притоа собирањето, обработката и чувањето на личните податоци се врши во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

2. Како ги собираме и обработуваме личните податоци

Секој посетител како субјект  на лични податоци има право да биде информиран согласно одредбите од член 12 од ЗЗЛП.

Предмет на собирање и обработка  може да бидат сите категории на лични податоци кои што ќе се собираат од субјектите на личните податоци (посетители на веб страната), односно обработуваат од страна на www.knezino.mk ,а кои се дозволени согласно со прописите за заштита на личните податоци. Во тој контекст собирањето и обработката е на личните податоци на оваа веб страна е во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Рокот на чување на личните податоци изнесува најмногу до 6 (шест) месеци,   контролорот ги чува податоците до исполнување на целите поради која истите се собрани и по истекот на тој период истите се бришат или уништуваат.

3 Поделба на информациите (пренос)

Откривање на  личните податоци може да се случи единствено по исклучок и тоа кога тоа е дозволено или законски пропишано со цел да се искористат законски права и да се заштитат сопствените деловни интереси или пак да се постапи во согласност со судски наредби или други правни потреби.

4. Цели на директен маркетинг

Обработката на лични податоци за цели на директен маркетинг е дозволена само доколку личните податоци се обработуваат согласно со членот 6 став 1 алинеја 1 од ЗЗЛП, освен ако со друг закон поинаку не е предвидено. Субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг.

5. Обврска за тајност и заштита на обработката на личните податоци

Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни мерки (методи) така што истите нема да бидат нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат.Заради спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба ќе се преземат сите технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

6 . Употреба на веб страната од страна на малолетни лица

Дозволена е самостојна употреба и користење на оваа web страна и на малолетни лица со навршени најмалку 14 (четиринаесет) години.

7. Политика за колачиња  (Google аналитика)

Колачињата се текстуални датотеки што содржат мали количини на информации кои се преземаат на Вашиот уред кога посетувате веб-страница и не се штетни за вашиот хардвер или софтвер. Колачињата се корисни затоа што им овозможуваат на веб-страницата да го препознава вашиот уред, параметри и може да се користи за подобрување на Вашето онлајн искуство.

Колачињата можете да ги отстраните во секое време или можете да го наместите прелистувачот да не дозволува нивно внесување. За користењето на колачињата одлучувате сами. Колачињата можете секогаш да ги отстраните и со тоа да ја отстраните вашата препознатливост на Интернет. Исто така, голем број од прелистувачите можете да ги поставите да не прифаќаат колачиња.

Некои колачиња се складираат само за време на Bашата посета на нашите веб-сајтови. Овие колачиња се познати како привремени колачиња. Другите, познати како трајни колачиња, може да останат складирани во Bашиот компјутер по вашата посета, а нашиот веб-сајт ќе може да пристапи до нив при секоја ваша повторна посета на нашиот веб-сајт.

Какви колачиња користиме ние?

Колачиња за сесија “Session Cookies” – Постојат само во текот на една он-лајн сесија. Тие исчезнуваат од Bашиот уред кога ќе го затворите вашиот интернет пребарувач.

Трајни колачиња – Овие колачиња се зачувуваат на Вашиот компјутер одреден временски период (обично една година или подолго) и не се бришат кога ќе се затвори прелистувачот. Трајните колачиња се користат за да Ве идентификуваат од една до друга сесија на прелистување, како на пример, за складирање на Вашите поставки, за да се запомнат за следната посета.

Надворешни колачиња – Колачиња до кои сајтот www.knezino.mk нема пристап, туку ги користат други компании:

  • Facebook колачиња кои се користат за употреба на сервисите од Facebook со кои што е поврзана веб страницата на www.knezino.mk ;
  • Google колачиња кои се користат за анализа кои делови од сајтот се најпопуларни и кои делови се најмногу и најмалку гледани, и за aналитика,како и за добивање на демографски информации за корисниците на сајтот.Ова ни помага да направиме подобрувања на Вашите искуства додека ја користите страната. „Колачињата“ од Google Analytics не прибираат лични информации за посетителите. Повеќе информации може да се најдат на   https://developers.google.com/analytics/resources/concepts/gaConceptsCookies.

Ако не сакате да прифатите „колачиња“ може да ги оневозможите со промена на прилагодувањата на веб пребарувачот на компјутерот или мобилниот уред.

By clicking accept you are consenting to the placement of cookies on your computer. If you choose to disable our cookies, you Со кликнување на „прифати“ се согласувате овие колачиња да се зачуваат на Вашиот компјутер. Ако се одлучите да не ги прифатите, нема да може да ја искусите целосната функционалност на страната.

8.Правила и услови за користење на webcam сервисот

Webcam сервисот е сопственост на порталот www.knezino.mk. За време на користењето на овој сервис,се применуваат правилата кои се овде наведени,воедно и сите услови,правила и прописи кои произлегуваат од важечката регулатива.Порталот www.knezino.mk го задржува правото на промена на правилата и условите во било кој момент без претходна најава.Евентуалните промени стапуваат на сила и ќе се применуваат веднаш по објавувањето.

9. Прифаќање на условите

Со користење на страната,се смета  дека субјектите се информирани за оваа политика на приватност и начинот на собирање и обработка на личните податоци, како и мерките за обезбедување тајност и заштита при нивната обработка.

10. Контакт

Заинтересираните посетители за ажурирање на податоци, прашања или предлози за заштита на личните податоци можат да се обратат на нашиот e-mail: info@knezino.mk и притоа Bашата е-mail адреса нема да биде користена за друга намена.