Бесправната сеча во кнежинско во полн ек

И покрај спорадичните успеси на шумочуварската служба при ШС “Лопушник” од Кичево во сузбивањето на бесправната сеча на дрва во атарот на с.Кнежино,сепак ваквата нелегална активност е во полн замав,а трпението на селаните е при крај.Години наназад видливи се бројни системски слабости во (не)делувањето и лошата координација на надлежните институции што доведе до девастација на шумскиот фонд .Тоа особено се забележува кај најповиканите за постапување во вакви случаи,а тоа е Шумската полиција,кои се ретко забележливи на терен или кога ќе бидат повикани да реагираат ги нема со најразлични изговори,а кои изговори се навистина несфатливи за месното население кому безмилосно му се сечат приватните шуми,овошни градини и костенови стебла.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.