Кнежинчани и годинава масовно го посетија манастирот “Св.Георгиј Победоносец” каде што на нивен својствен начин,согласно традицијата, беше одбележан најголемиот христијански празник.
Согласно ситуацијата поради вирусот Сovid-19 одбележувањето во присуство на свештени лица од Кичевското архиерејско намесништво помина достоинствено,одговорно и со почитување на мерките,протоколите и препораките за заштита од вирусот.
До година поздрави,побројни и повесели…