с.Кнежино,м.в.”Чука” 08.06.2020 година
Деновиве кај месноста”Чука” во село Кнежино на само десетина метри од најблиските куќи е забележана нива мини депонија,а за што сведочат сликите во прилог.
Советот на МЗ с.Кнежино уште еднаш апелира до селаните да се престане со фрлањето ѓубре на несоодветни места и да не се загадува недопрената природа,како и за нивна зголемена свесност за зачувување на животната средина и природата во нашата локална заедница,како и пошироко.