Деновиве успешно беше завршена уште една фаза од проектот за реконструкција на селскиот водовод во с.Кнежино.
Во непосредна близина на каптажата на м.в.”Гаваз” ,на тежок планински и непристапен терен,се изведуваа работи и беа превземени неколку зафати со цел подобрување на водоснабдувањето и намалување на загубите на вода во системот.
Истовремено успешно беше саниран и дефектот на главната водоводна цевка,а кој настана минатиот месец.
Советот на М.З. с.Кнежино и во оваа прилика искажува посебна благодарност до мајстор Стојан Мојсоски од с.Добреноец и неговата екипа ,за успешно завршената работа, стручноста, професионалноста,довербата и завршувањето на работите во рекордно време.





















