Кампањата на порталот knezino.mk и НВО “ReFoRD centre” од Скопје за зачувување на шумите

Порталот knezino.mk во соработка со невладината организација Регионален центар за шумарство и рурален развој од Скопје(Regional centre for forestry and rural development -ReFoRD centre) во наредниов период ќе биде дел од кампањата,активностите и напорите за зачувување на шумите во Република Македонија и особено за нивна заштита од дивата сеча и дрвокрадството,а кои негативни појави за жал се децениски проблем и на нашето подрачје.

Кампањата е поддржана од U.S. Forest Service и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Следете не и приклучете ни се во заедничката битка …

НЕ СЕЧИ ЈА МОЈАТА ИДНИНА!!!
СТОП ЗА ДРВОКРАДСТВОТО!!!


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.