/
Кичево во живо (live web cam+сhat)

Кичево во живо (live web cam+сhat)

НОВО и ЕКСКЛУЗИВНО на Вашиот портал www.knezino.mk

Oфицијално стартува проектот КИЧЕВО ВО ЖИВО

Порталот knezino.mk почнувајќи од денес па натаму преку истоимениот сајт Ви нуди вистинско мултимедијално доживување преку ексклузивна можност за следење на видео сигнал во живо од нашиот град Кичево и тоа преку инсталираниот web cam сервис до кој ќе имаат пристап посетителите на нашата страница.

Посетителите и читателите на нашиот портал во секое време од денот и од било која локација во светот ќе имаат навистина уникатна можност да следат 24/7 видео пренос во живо (live streaming) и да уживаат во панорамските слики од нашиот град преку најсовремената IP PTZ камера од марката „Dahua” во Full HD резолуција,која е инсталирана на покривот од Национална установа-Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево.

Корисниците на нашиот web cam сервис преку оваа камера која има можност за ротација ќе бидат во можност да следат најмалку 15 различни панорамски кадри од нашиот град.

Овој сложен проект на порталот knezino.mk немаше да биде возможен без помошта , разбирањето и поддршката на нашите партнери во истиот и тоа Н.У.Ц.К.„Кочо Рацин“ Кичево како стожер на културата во нашиот град и пошироко, „VENOM Computers” oд Кичево како фирма лидер во областа на алармни,компјутерски системи и системи за видео надзор и реномираната регионална кабловска телевизија „CABLE Call” oд Кичево.Ја користиме оваа прилика да упатиме посебна благодарност за поддршката и помошта во реализацијата на овој проект до вработените во Н.У.Ц.К.„Кочо Рацин“ од Кичево и особено до директорот на оваа установа , г-динот Мазлам Османи.

Со овој видео сервис нашиот град Кичево се вбројува меѓу ретките градови и туристички места во Македонија кои што имаат активен video streaming во живо, и можеме да се пофалиме дека фаќаме чекор со напредната технологија и со поразвиените земји од нашето опкружување и од светот, каде што ваквите видео сервиси се нешто сосема вообичаено и се дел од секојдневието во интернет комуникацијата.

Kако еден од мотивите за реализација на нашиот проект ни беше и замислата дека со ваквиот web cam видео сервис во живо, нашиот град само со еден клик ќе го направиме подостапен и чекор поблизу, не само за нашите сограѓани и пошироката околина и јавност,туку овој сервис ќе претставува своевидна спона и со бројните иселеници од Кичево, кои ги има на сите краеви од земјината топка.

Втора, не помалку битна компонента од овој проект претставува и инсталирањето на соодветна „Live chat room“ апликација ,односно т.н. „Соба за разговор“, преку која нашите читатели и посетители,покрај видео линкот од Кичево во живо,исто така на директен и најсовремен начин со посредство на нашата платформа ќе можат на најразлични теми меѓусебно да комуницираат, разговараат, коментираат и слично,а со што нашиот портал ќе ја добие и вистинската интерактивна димензија која е замислена од нашиот креативен тим.

Почитувани Кичевчани, каде и да сте, градот наш најубав Ве очекува.

Тимот на порталот www.knezino.mk Ви благодари на довербата.