11.1 C
Kičevo
Thursday, Октомври 22, 2020

“КНЕЖИНСКИТЕ” ПЕТ СЕЛА(ФОТО)

Чашата се скрши. Тоа беше знак, грандиозниот манастир ” Свети Ѓорѓија”, или во народот познат и под името Кнежински манастир, да го проголтаат пламените јазици”. Вака гласи дел од преданието за ова духовно светилиште, кое по безмалку три столетија е не на добар, туку на одличен пат, повторно да блесне во сета своја убавина.
Инаку, во народната традиција е забележано дека Манастирот имал своја одбрана со која командувал извесен Мијо Челебија, кој го положил својот живот заедно со неговите соборци.
Легендата вели :”…во одбраната значајно место имаа повеќе одбрани силни и храбри момчиња и повозрасни мажи и од сега непостоечките пет села, кои во тоа време беа метох на Кнежинскиот манастир”.
Трагајќи по легендите за нив, кои да потсетам се “чеда” на вистините, по многу ” потрошено” време и вложен ” напор ” за што, рака на срце, ич не жалам, дојдов до нивните имиња и до нивните локации.
Според преданијата селото Маркулези името го добило по Крали Марко, кој кога доаѓал да го посети Манастирот редовно подлегнувал под стариот костен да си ја одмори снагата. Крушино пак, вели легендата, името го добило по крушите летници, кои давале сочни и слатки плодови и кои ги имало во изобилство на просторот на селото. Селото Колибиште го носи името по колибите, во кои во прво време живееле луѓето кои се грижеле за манастирските овци и кози. Кога стадата биле префрлени на просторот на Кошарани на ова место “никнало” малото село Колибиште. Преданието вели дека селото Кутел името го добило по површината која ја зафаќало. Било малечко, како што велеле неговите жители, колку еден кутел. Ако се знае дека еден кутел е еднаков на 10 килограми, најчесто жито, тогаш може да се претпостави за колкава површина се работи. За селото Аранѓел пак се вели дека било најголемо од сите нив и дека името го добило по малечката црквичка, посветена на Свети Архангел Михаил, околу која почнало да се формира населбата. 
Инаку , селата Маркулези и Крушино се наоѓале источно, на атарот на сегашно Крушино,кое се граничи со Кнежинскиот атар, Колибиште, северно, Кутел јужно, а Аранѓел, западно од сегашното село Кнежино.
Инаку, во преданието меѓу другото се вели:
“… тие пропаднаа во она време кога беше срушен Кнежинскиот манастир. Еден добар дел од нивните жители, пред сѐ мажите, загинаа зедно со Мијо Челебија. Другите разаминаа на разни страни, по други села, градови, а некои и по други држави.”Смртта” на Манастирот, значеше и “смрт” за овие пет села”.
Се чини најдобар доказ дека легендите се
“производ” на вистината се материјалните докази, кои и денеска можат, наместа, да се забележат на просторите каде што се наоѓале овие малечки села.За тоа “говорат”
купиштата камења од некогашните живеалишта, гробовите со крстови и со големи камени плочи. 
Ако не верувате, посетете го просторот околу денешно Кнежино или прошетајте го атарот на Крушино, накачете се над поранешниот мотел, развардете лево и десно и самите ќе се уверите во вистинитоста на овие легенди. 
Јас сум видел дел од нивните остатоци и тоа многу одамна, а и сега понекогаш чекорам по овие патеки. Ако не сум таму или на друго место, тогаш “чекорам” по патеките на народната, македонска, традиција и по патеките на македонската вистина. Преку овие Страници “чекорете” и Вие со мене.

Остатоци ос с.Арангел

(Благодарност до Зоран Јованоски авторот на Моите Страници)

АМД Контролори
Авто Школа Инструктори
Претходна објаваСелото Дрмник (ФОТО)
Следна објаваСООПШТЕНИЕ 30.06.2019

© Кнежино.мк – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЛЕДЕТЕ НЕ

1,056LikesLike
112FollowersFollow
47SubscribersSubscribe

Последни објави

Изградба на шахта на спојот (влезот) на цревото од стариот реконструиран резервоар во постоечкиот водоводен систем

Изградба на шахта на спојот (влезот) на цревото од стариот реконструиран резервоар во постоечкиот водоводен систем.

[#4] Кнежино во изградба [ФОТО]

Го следиме прогресот во реализацијата на проектот за уредување на улиците и патиштата во с.Кнежино.

Драги пријатели, упатуваме апел за помош за нашиот кичевчанец Тони, кој вчера ненадејно му почина сопругата – да помогнеме!

И кога ни малку човек ќе се надева дека ќе се случи најлошото, тоа не бира. Вчера кичевската област беше потресена од...

[#3] Кнежино во изградба [ФОТО]

Го следиме прогресот во реализацијата на проектот за уредување на улиците и патиштата во с.Кнежино.

Акција на ЕВН во с.Кнежино

По барање на Советот на Месната заедница с.Кнежино деновиве екипа на „ЕВН МАКЕДОНИЈА“ АД Скопје,КЕЦ Кичево,на повеќе...