Кaква симболика. Глумеше и една од највпечатливите улоги во кариерата ја оствари во култната Југословенска серија Bolji život (Подобар живот) 1987-1991 година, умешно и на себе својствен начин доловувајќи го ликот на Дуда Павловиќ која му го загорчува животот на својот зет Саша Попадиќ ,а нејзините предци во периодот помеѓу двете светски војни ја напуштиле родната грутка и заминале во Белград, токму во потрага по подобар живот.
Лилјана Седлар (Ljiljana Sedlar) е позната и истакната Југословенска и Српска глумица. Родена е на Врачар во Белград на 1 ноември 1943 година. По потекло е од с.Кнежино од познатата фамилија МИНОСКИ. Нејзиниот татко Драган во времето на Кралевина Југославија во потрага по подобар живот и егзистенција ги напуштил родното село и крај и како и многу други современици заминал на печалба во Белград каде трајно останал да живее ,а кадешто на 1-ви ноември 1943 година во времето на окупацијата се родила неговата ќерка Лилјана.
По завршувањто на 11-та Белградска гимназија Лилјана запишала Медицински факултет,но после две години се префрла на Факултетот за драмски уметности. Во меѓувреме го запознава својот животен сопатник д-р Милан Седлар за кого се венчава во текот на 1968 година и со кого истата година заминуваат во Соединетите Американски Држави заради неговата специјализација. По враќањето во тогашната СФРЈ им се враќа и на студиите по глума во класата на Миња Дедиќ каде студирала со познатите Југословенски глумци Светлана Бојковиќ ,Петар Божовиќ, Бранко Миличевиќ попознат како Бранко Коцкица и други.

Покрај во серијата “Bolji život ” (“Подобар живот”) најзабележителни ролји има остварено и во филмовите ” Povratak otpisanih” (“Враќање на отпишаните”),”Buđenje proljeća” (“Будење на пролетта”),”Razvod na određeno vremе” (“Развод на одредено време”) и други.
Детална филмографија на Лилјана Седлар
Година | Филм | Улога |
1968 | Под стакленим звоном | |
1968 | Максим нашег доба | |
1969 | Младићи и девојке 2 | |
1975 | Отписани | Стеванова жена |
1976 | Повратак отписаних | Станкова жена |
1976 | Повратак отписаних (ТВ серија) | Станкова жена |
1978 | Ласно је научити, него је мука одучити | |
1981 | Доротеј | |
1982 | Савамала | |
1982 | Мој тата на одређено време | Судија |
1983 | Последње совуљаге и први петли | Софија, Тадијина супруга |
1983 | Велики транспорт | |
1983 | Тимочка буна | |
1984 | Андрић и Гоја | |
1984 | Чај у пет | Медицинска сестра |
1985 | Жикина династија | |
1985 | У затвору | |
1985 | Држање за ваздух | Светланина стрина |
1986 | Развод на одређено време | Судијница |
1986 | Свечана обавеза | Шалтерска службеница |
1987-1988 | Бољи живот | Дуда Павловић |
1988 | Шпијун на штиклама | Божурова жена |
1993 | Кажи зашто ме остави | Пеђина мама |
1998 | Враћање | Мајка од Николине девојке |
Лилјана Седлар и ден денес ги нема заборавено своите и корените на нејзините предци и досега неколку пати го има посетено село Кнежино.Дури и во време на емитувањето на серијата и на нејзината најголема популарност истата на покана на нејзините роднини заедно со својот сопруг го има посетено с.Кнежино и околината при што ,меѓу другото, и самите се уверија во гостопримливоста на Кнежинчани.


Фотографијата е сликана во 1961 година при нејзиниот прв престој во с.Кнежино пред истата да стане популарна. Благодарност до семејството на Жарко Миноски од с.Кнежино за отстапената фотографија. Дека нашата славна глумица е горда на своето потекло говори и фактот што истата до ден денес официјално го има задржано татковото презиме и нејзиното полно име и презиме е Лилјана Миноска Седлар, а кое нешто не е доволно познато во пошироката јавност. Денес Лилјана Седлар е во пензија ,води тивок и спокоен семеен живот,а слободното време го поминува со внукот Давид Седлар Стивенс.
Инсерт од филмот “Развод на одредено време”
Инсерти од серијата “Подобар(Бољи) живот”
Лилјана Седлар во свој вистински елемент со препознатлив Кнежински темперамент.