Меморијален планинински марш “Сашо Костадиноски”

На 24 јули 2022 г. (недела), Планинарското друштво „Ендорфин” од Кичево во сеќавање на својот прерано изгубен член, планинар и другар, Сашо Костадиноски, го организира традиционалниот меморијален планинарски марш на планината Голјак.

Голјак е средновисока планина која се наоѓа во Кичевскиот Регион и ги раздвојува селата на Копачијата и селата на Бржданска (Беличка) Река, дел од масивот на Илинска и Плакенска Планина. Веливрв e највисокиот врв на оваа планина, којшто со своите 1535 метри надморска височина пружа одличен поглед на Кичевската Котлина и масивот Челоица-Песјак на исток, Баба Сач, Бушева Планина и Лубен на југоисток, Илинска на југ, Стогово на запад, Бистра на север.

Акцијата започнува од с. Брждани (Горното село), движењето се одвива по маркирана планинарска (козја) патека, која над 70% поминува низ дабова и букова шума. Последните 500 метри до врвот, движењето е по пасиштен терен.

Должина на патеката: 6,5 км (враќањето се одвива по истата патека, вкупна должината на патеката во двата правца изнесува 13 км)

Висинска разлика: 680 метри.

ВАЖНО
– Потребна опрема: планинарски обувки со тврд ѓон, облека според најавата за временска прогноза, очила за сонце, капа/шешир, кабаница, крема за заштита од сонце, планинарски стапчиња.
– Доручекот е од ранец, вода 2 л. (минимум).
– Пожелно е секој учесник да носи прибор за заедничкиот ручек (планинарско гравче).
*На патеката на едно место има извор на вода, меѓутоа во летниот период можно е да биде пресушен.

ПРОГРАМА
06:30 ч. – собирање на учесниците во Горно Брждани (пред селската црква, 850 м.н.в.)
07:00 ч. – старт на акцијата
09:00 ч. – пристигнување на групата кај шумската куќарка на Преслоп (1270 м.н.в.), пауза 20 мин.
09:30 ч. – поаѓање кон врвот (со попатни одмори)
11:00 ч. – пристигнување на Веливрв (1535 м.н.в.)
12:00 ч. – поаѓање за назад
15:00 ч. – пристигнување во Горно Брждани и заеднички ручек (планинарско гравче)

Задолжителна пријава за учество со број на членови.

Планинарско друштво/клуб: ______________________________________________
Име и презиме / бр. на л. карта /
1.
2.
3.
Датум М.П. Планинарско друштво
Доставување на пријавите на е-пошта: endorfin.kicevo@gmail.com или во порака на фејсбук-страницата на Планинарско еколошко друштво „Ендорфин”.

*Заради организациски потреби пријавувањето за Маршот е најдоцна до петок (22 јули 2022)!

*Акцијата се организира во соработка со Месната заедница на с. Брждани.

Водичи: ПЕД Ендорфин

Лица за контакт:
Давор Јанкулоски (075 668 501),
Зоран Маџоски (077 495 232),
Елена Ванчоска Секулоска (071 254 766)

НАПОМЕНА
– Акцијата се организира со почитување на препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести и Владата согласно мерките за превенција од ковид-19 и Медицинската комисија при ФПСМ
– Во случај да чувствувате симптоми на ковид-19 (или симптомите се појавени кај членови на Вашето семејство или блиско окружување), не се пријавувајте како учесник на акцијата
– Во тек на одморите и паузите, да се одржува меѓусебно растојание од 1.5 метри
– Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност
– Учесниците да ги слушаат упатствата на водичите и да ја чуваат животната средина
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат учесник пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Со почит,
ПЕД „ЕНДОРФИН“ Кичево


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.