Во селската црква “Св.Димитрија” во с.Кнежино, изградена во текот на 1911 година,денеска на пригоден и свечен начин беше одбележан Денот на патронот “Св.Великомаченик Димитриј Солунски”.
Во присуство на поголем број верници и гости ,утрото се одржа утринска богослужба која ја водеше Отец Ристо Камбуроски од кичевското архиерејско намесништво,се одржа свечена причест и пеење на светите лебови,а потоа во трпезаријата имаше и богата гозба која ја приреди кумот на овогодинешното чествување Никола Деспотоски со фамилијата.
Митровден и Св.Никола се главните селски слави во с.Кнежино и радува фактот што традицијата и понатаму се чува, негува и продолжува.