Продолжуваат напорите за подобрување на инфраструктурата и другите основни услови за современ живот во селото и неговата околина.
Деновиве на камбанаријата од селската црква “Св.Димитрија” се изведуваат работи за монтажа на базна станица на телекомуникацискиот оператор А1.
Со оваа базна станица конечно ќе се добие 4G сигнал и ќе се обезбеди постабилно и поквалитетно покривање со мобилна телефонија и интернет од страна на овој оператор на селото,викенд населбата и пошироката околина,а кое нешто досега недостасуваше.
Се очекува деновиве работите да финишираат и базната станица да биде ставена во функција со полн капацитет.