- На 27 октомври по втор пат успешно се одржа атлетската трка на 5 км и 10 км во Кичево.
- Градскиот плоштад во Кичево на 27 октомври беше исполнет со многу позитивна енергија од учесниците на атлетската трка KRun.
- Кичевчани заедно со учесниците од повеќе градови во Македонија како и од соседните држави направија низ кичевските улици да завладее позитивната спортска мисла.
- На трките од 5 км и 10 км учествуваа 270, а масовноста на детската трка докажува дека Кичевската младина уште од рани години го избира спортот.
Кичево оваа година го имаше тоа задоволство на трката да трча и најдобриот македонски атлетичар и овогодинешниот претставник на олимпијада Дарио Ивановски кој е и победник на трката на 10 км во Кичево.
KRun – е најмасовниот спортски настан во нашиот град кој од година во година ќе биде се’ подобар и помасовен настан.
Ви ги претставуваме најдобрите тројца на трките од 10 км и 5 км, и во машка и во женска конкуренција.
10 км – машка категорија
- Дарио Ивановски – 31:36
- Muxhahid Mislimi – 33:08
- Жан Тосев – 33:20
10 км – женска категорија
- Адријана Поп Арсова – 36:11
- Миљана Ристиќ – 38:04
- Даниела Атанасовска – 51:08
5 км – машка категорија
- Григоријан Никовски – 16:11
- Genc Isufi – 16:14
- Александар Арсов – 16:21
5 км – женска категорија
- Irma Hajdari – 19:13
- Дарија Крстевска – 20:50
- Христина Секулоска – 21:21