Многу години наназад за празникот машки ВОДИЦИ во с.Кнежино се одржува традиционалната ЛИТИЈА од црквата „Свети Димитрија“ во с.Кнежино до манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во нашето село,што е наша автентичност и специфика за време на празнувањето на овој верски празник.
Ова е автентичен обичај,односно традиција, наследена од нашите предци,која во последните години се повеќе добива на масовност од нашите соселани со учество на сите возрасни категории.Со негувањето на ваквата, малку позната традиција за пошироката јавност и симболичното поврзување на двете Кнежински духовни светилишта, овој голем верски празник на нашето поднебје има навистина посебна специфика, духовност и безвременска димензија.