По повод верскиот празник “Митровден” во петок 08-ми ноември со почеток во 08:00 часот во селската црква “Св.Димитрија” во с.Кнежино ќе се одржи традиционална утринска богослужба водена од страна на свештени лица од кичевското архиерејско намесништво. Потоа во црковната трпезарија од страна на овогодинешниот кум ќе биде поставена и пригодна трпеза.
Упатуваме апел за што помасовно присуство.
За многу години !!!