До нашиот портал штотуку стигна една вест имено пламените јазици кои ноќеска беа ставени во мирување во атарот на с.Манастирско Доленци – кичевско се реактивираа и се директна закана бидејќи истите можат да бидат катастрофални за нашиот Манастир Св.Богородица – Пречиста.
Поради не пристапен терен на ТППЕ врз истиот неможат да стигнат пожарни возила и се замолуваат сите СОЛИДАРНИ луѓе да понесат алат, лопати, продукти за гаснење пожар и да помогнат во акцијата во с.Манастирско Доленци да не дозволиме пожарот да се прошири да направи штета во огромни размери!
Тимот на Кнежино.мк ги повикува сите солидарни граѓани да помогне во гаснењето на пожарот