Денеска во с.Кнежино драги гости ни беа претставници на кинеската компанија Sinohydro,главен изведувач на автопатот А2 Кичево-Охрид.
Гостите беа предводени од г-дин Leo (deputy director of construction department), и г-ца Trudy (in charge of company’s publicity from administration department), а во присуство и на нашиот сограѓанин Дејан Тришоски,долгогодишен истакнат вработен во оваа кинеска компанија.
Цел на посетата покрај запознавање со природните убавини на овој крај и посетата на кнежинскиот манастир “Св.Георгиј Победоносец”,како и на хотелскиот комплекс “Куќа на уметноста”(“House or art”), првенствено беше увид во штотуку завршената улица “Пилаоска” во с.Кнежино,за чија изградба со половина од финансиската конструкција донира компанијата “Sinohydro”.
Високите гости денес имаа средба со месното население,при што им беше изразена голема благодарност за помошта и поддршката во реализацијата на овој проект.
Притоа од нивна страна беше снимена посебна репортажа за Кнежино во промотивни цели,која ќе се емитува на официјалниот web сајт на компанијата и која потоа ќе имаат можност да ја проследат и посетителите на нашaта web страна.