Почитувани,
Имаме особена чест и задоволство да Ве поканиме на промоцијата на Монографијата “Раштани низ вековите” на авторот Зоран Б.Стојаноски која ќе се одржи на ден 10.10.2019 година (четврток) во Националната установа-Центар за култура “Кочо Рацин”во Кичево со почеток во 19.00 часот.

Ова е втора книга на авторот после романот “Прочка”.
Во Монографијата “Раштани низ вековите” за прв пат ќе бидат презентирани архивски документи за село Раштани уште од 14 век па наваму со детален преглед на доселени и отселени семејства,како и родови стебла.Исто така се опфатени животот во селото низ војните,како и после нив,спортот во село Раштании други интересни теми кои ќе бидат обработени на самата промоција.
Промотори: -Живко Новески,писател и просветен работник по потекло од Кичево.
-Д-р Ацо Ангеловски, професор по архивистика.
Авторот со ова дело остава траен и неизбришлив белег за селото, за идните генерации како и поттик за понатамошно истражување.
Порталот www.knezino.mk на авторот му посакува уште поголеми креативни и творечки достигнувања.